• Зоран Мишевски
Со европска титула за Англија синоќа во Братислава заврши У21 Европското првенство во фудбал. Момците на Ли Карсли ја одбранија титулата од пред две години, кога во Романија и Грузија станаа шампиони без примен гол.
Ѕвездата на селекцијата, Харви Елиот, е најдобар фудбалер на турнирот. Фудбалерот на Ливерпул се наметна во претходните три недели и посебно впечатлив беше неговиот настап во елиминационите натпревари, кога погодуваше против Шпанија, Холандија и Германија.
Во финалето Англија ја совлада Германија со 3-2, а најдобар поединец на финалниот натпревар беше Џејмс МекАти од англискиот табор.
Ник Волтамаде од Германија со шест постигнати гола е најдобар стрелец на турнирот.



