Елиминирај го ако можеш: Клоп непоразен во европски двомеч со Ливерпул

Јирген Клоп ја минува четвртата сезона како менаџер на Ливерпул. Иако уште нема ниту една титула со „црвените“ има бројки кои се застрашувачки и заслужуваат респект. Имено, Германецот играше две финалиња на европските натпреварувања, а без разлика што двете ги загуби, непоразен е во европски двомеч со Ливерпул

- Прва сезона - финале на Лига Европа
- Втора сезона - Ливерпул не настапи во европските Купови
- Трета сезона - финале на Лигата на шампионите
- Четврта сезона - Ливерпул се квалификува во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Клоп го помина поголемиот дел од својата 15-годишна играчка кариера во Мајнц 05, пред да стане нивен менаџер со најдолг стаж во период од 2001 до 2008 година, во кој тимот ја доживеа својата промоција во германската Бундеслига. Во 2008 година, Клоп беше именуван за тренер на Борусија Дортмунд, клуб со кој успеа да ја освои лигата во сезоната 2011 и 2012 година, како и германскиот Куп во 2012, германскиот Суперкуп во 2013 и 2014 година, а ги донесе „жолто-црните“ до финалето на Лигата на шампионите во 2013 година. Во октомври 2015 година, Клоп го презеде тимот на Ливерпул и истата сезона го одведе до финалето на Лига Купот на Англија и финалето на Лига Европа.

Баерн - Ливерпул 1-3