Елиминацијата на Баерн и финалето на Рајо донесоа убави вести за Шпанија!

Шпанија ѝ се придружи на Англија со пет претставници во следната сезона во Лигата на шампионите.

Шпанија официјално обезбеди дополнително место во Лигата на шампионите за сезоната 2026/27. Ова е епилогот од најновите резултати во европските натпреварувања.

Имено, финалето на Конференциската лига, во кое ќе игра Рајо Ваљекано, како и елиминацијата на Баерн од Лигата на шампионите, донесоа добри вести за шпанскиот фудбал. Ова значи дека и петтопласираниот тим од Примера оваа сезона во следната ќе обезбеди пласман во европската елита.

Инаку, Англија во новата сезона може одново да има шест претставници во Лигата на шампионите, а за тоа сценарио пишувавме пред неколку дена.