ВИДЕО: Елези во последниот напад донесе победа за Сараево во дербито во Жироки!

Македонскиот интернационалец Агон Елези постигна гол за победа во 96. минута за целосен пресврт и триумф на Сараево на гостувањето против Широки Бријег со резултат 1-2. Натпреварот се одигра на стадионот „Пецара“ во рамките на петтото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Гостите беа казнети за своите промашувања во 80. минута кога Бразилецот Гедеш погоди со силен удар за водство на Широки Бријег. Сараево успеа да израмни во 90. минута преку Колумбиецот Карабаљо, кој налета на една одбиена топка откако претходно беше погодена стативата. Целосниот пресврт се случи во 96. минута кога Елези ја затресе мрежата на домаќините за 1-2.

  • Извештај од натпреварот:

Елези игра во одлична форма за Сараево, каде веќе неколку пати се запишуваше во стрелците, вклучувајќи го и решавачкиот гол во вечното дерби против Железничар претходната сезона