Елези во наредната сезона ќе ги брани боите на Боависта

Елези

Младнскиот репрезентативец Агон Елези ќе ја продолжи кариерата во португалска Боависта, пишува „Панорама Спорт“.

Оваа недела 19-годишникот стави потпис со новата екипа, по неколкудневни преговори. Тоа значи дека неговата авантура во Скендербеу завршува.

Играчот за врска се пресели во албанското првенство минатото лето, кога го напушти Велазерими. Потекнува од школата на Шкупи, а настапуваше и за младинската екипа на француски Каен. Договорот на Елези со Боависта ќе биде во должина од три години, а албанскиот клуб ќе инкасира 400.000 евра.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.