ВИДЕО: Елези стрелец, Сараево ја заврши сезоната со триумф над „Жељо“!

Македонскиот репрезентативец Агон Елези одигра одличен натпревар за екипата на Сараево и го постигна единствениот погодок за својот тим во победата против Железничар со конечни 1-0 (1-0). 

Мечот од последното коло на босанскиот шампионат беше решен со голот на Елези, за кого ова беше деветти подогок сезонава. Нашиот репрезентативец погоди во третата минута од надополнувањето во првото полувреме. Гостинскиот тим ја затресе мрежата во 90. минута, но беше поништен по прегледот на ВАР-снимката. 

Во составот на домаќинот беше и екс-капитенот на македонската репрезентација, Стефан Ристовски. Сараево ја завршува сезоната на третата позиција на табелата, со обезбедени квалификации за Конференциската лига на УЕФА.