• Горан Упале
По пауза од девет натпревар македонскиот репрезентативец Агон Елези се запиша во листата на стрелците на натпревар на неговиот Сараево.
Еден од најдобрите тимови во БиХ славеше тешка победа на гостувањето кај Радник, а еден од најзаслужните за тоа беше токму македонскиот офанзивец. Елези во самиот финиш од првиот дел постигна мајсторски погодок и го најави пресвртот на својот тим во Бјелина.
- Голот на Елези:
Инаку, за Елези ова беше шести погодок во босанскиот шампионат оваа сезона.





