ФОТО: Елечето на Саутгејт направи БУМ во Англија, продадени над 100.000 примероци!

Фудбалската селекција на Англија по пауза од 28 години повторно е во полуфинале на едно Светско првенство (СП). „Гордиот Албион“ вечерва го игра второто полуфинале, против селекцијата на Хрватска, а еден од најзаслужните за овој успех е селекторот Герет Саутгејт. 

Младиот стратег успеа да направи нешто што не му успеало на неговиот претходници, а покрај одличната работа, Саутгејт направи БУМ во Англија и со својот имиџ. Неговото елeче е еден од најпродаваните текстилни производи овој месец на Островот, а компанијата која го произведува „М&Ѕ“ открива дека досега се продадени над 100.000 примероци. Во зависност од големинaта, цената на еден елик се движи од 35 до 65 фунти. 

Дуелот меѓу Англија и Хрватска се игра од 20.00 часот на стадионот „Лужники“ во Москва. За главен судија е назначен Турчинот Чакир.