ВИДЕО: Елче ги совлада Столе и Валенсија, Севиља е во голем проблем

Фудбалерите на Елче остварија исклучително важна победа во борбата за опстанок, откако на домашен терен ја совладаа Валенсија со минимални 1-0 во рамките на 31. коло од Ла Лига.

  • Извештај од натпреварот:

Тимот предводен од Едер Сарабија стигна до триумф кој може да се покаже како клучен во финишот од сезоната. И покрај тоа што гостите имаа повеќе од играта во одредени делови од натпреварот, не успеаја да ја искористат својата иницијатива.

Првата посериозна можност ја имаше Валенсија преку Белтран, но неговиот удар заврши над голот. До паузата натпреварот понуди малку возбудувања, со блага теренска иницијатива на домаќините.

Клучниот момент се случи во 73. минута, кога резервистот Лукас Сепеда, веднаш по влегувањето во игра, ја искористи асистенцијата на Фебас и го совлада голманот Столе Димитриевски за единствениот погодок на натпреварот.

До крајот, Валенсија тргна во офанзива, но одбраната на Елче, предводена од голманот Пауло Дитуро, кој запиша дури осум интервенции, успеа да го сочува водството. Дуро имаше добра шанса со удар со глава, но не беше прецизен.

Со оваа победа, Елче се искачи над зоната за испаѓање, оставајќи ја Севиља под линијата, додека Валенсија останува на 14-тата позиција со 35 освоени бодови.