„Ел Мундо“ објави мејлови: Еве што барал Меси во новиот договор во Барселона

Меси Барселона

Лионел Меси по две децении си замина од Барселона и кариерата ја продолжи во екипата на Пари Сен Жермен. Аргентинецот со солзи и многу емоции се прости од тимот каде ги постигна најголемите успеси во кариерата. Долго време се преговараше за искусниот офанзвец да остане на „Камп Ноу“. На крај поради финансиските проблеми каталонскиот клуб мораше да се помири со фактот дека ќе остане без својата прва ѕвезда.

„Ел Мундо“ објави низа мејлови меѓу Хорхе Меси и Барса. Во истите се гледа детали од барањата на Меси за новиот договор. Наводно, тој инсистирал на тригодишна соработка, со 20% пониска плата во првата година, но зголемување по 10% во наредните две сезони. Исто така барал десет милиони евра бонус само за потписот на договорот.

Меѓу барањата имало бонуси за верност, место во свечената ложа за неговата и фамилијата на Луис Суарез, приватен божиќен лет за цело семејство до Аргентина, зголемување на платата во случај на зголемени даноци, како и продолжување на договорот со Пепе Коста, приватниот тренер и еден од најдобрите пријатели на аргентинскиот ас.

На крај, Барселона не ги прифати поставените услови и го пушти Меси да замине во Париз. Тој сега формира трио со Нејмар и Килиан Мбапе и има соработка со ПСЖ до крајот на тековната сезона. Многумина шпекулираат дека тогаш би можел да добие понуда одново да го облече дресот на Каталонците.