• Горан Упале
По завршувањето на ждрепката за осминафиналната фаза во фудбалската Лига на шампиони познати се и можните четвртфинални дуели. Откако е воведен новиот формат во елитното натпреварување, ждрепка има само за првата елиминациона фаза.
Осминафиналето донесе неколку мега-дуели, а секако уште повозбудливо ќе биде во четвртфиналната фаза. Едно од најголемите европски дербија, популарното „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, е можно само во финале. Реал Мадрид е на левата страна на костурот, Барселона на десната. Интересни парови во четвртфиналето би можеле да бидат ПСЖ или Челзи против Ливерпул, како и Реал Мадрид или Манчестер Сити против Баерн Минхен.
Можни четвртфинални натпревари:
ПСЖ – Челзи против Галатасарај – Ливерпул
Реал Мадрид – Манчестер Сити против Аталанта – Баерн Минхен
Барселона – Њукасл против Атлетико Мадрид – Тотенхем
Бодо/Глимт – Спортинг против Баер Леверкузен – Арсенал
Првите натпревари од четвртфиналната фаза ќе се одиграат 7 и 8 април, додека реваншите се на 14 и 15 април.




