ВИДЕО: Екстра-гол на Матеј Цветаноски, издрибла неколкумина и ефектно реализира!

Македонскиот фудбалер Матеј Цветаноски беше стрелец во пресврт победата на Железничар против Борац Бања Лука во седмото коло на Премиер лигата на Босна и Херцеговина (3-2). 

Поведоа гостите со 0-2 уште во првиот дел, а домаќините доцна се разбудија и креираа пресврт. Еден од стрелците беше и Македонецот кој влезе од клупата за резерви на полувремето. Цветаноски даде ефектен гол, доби топка во транзиција на левата страна, издрибла неколкумина и од тежок агол погоди за 2-2 во 83. минута. 

Ова е прв сезонски гол за Матеј Цветаноски во дресот на Железничар, а во текот на претходната постигна четири.