Екстра-гол на Македонецот: Чурлинов третпат сезонава стрела за Јагјелонија (ВИДЕО)

Дарко Чурлинов стрела во победата на неговата Јагјелонија над Мотор Лублин во 21. коло на полската Екстракласа.

Македонскиот репрезентативец го постигна вториот гол за својот тим во 59. минута од натпреварот. Пулулу му испрати топка на левата напаѓачка страна, Чурлинов имаше доста простор и се намести, па тргна во дриблинг на својот чувар. Како што знае Македонецот го издрибла противникот и испрати прецизен удар во подалечниот агол. 

Чурлинов беше најдобро оценет фудбалер на Јагјелонија со оценка 8,7, заедно со двојниот стрелец Кубицки. 

За Дарко Чурлинов ова беше трет сезонски погодок, откако претходно погодуваше против Горник Забрже и Корона во полскиот шампионат, а еднаш стрела и во Конференциската лига против Копенхаген.