• Зоран Мишевски
Дејан Станковиќ повеќе не е тренер на Црвена звезда, откако Управниот одбор на клубот одржа итна седница и ја потврди неговата разделба по завршувањето на вториот мандат на клупата.
Главната причина за оваа експресна одлука е неуспехот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Црвена звезда доживеа елиминација во третото квалификациско коло од израелскиот тим Хапоел Бер Шева. Ова беше четврти последователен пат како Станковиќ не успева да го внесе белградскиот тим во елитното натпреварување, по претходните испаѓања од Омонија, Шериф и Макаби Хаифа.
Станковиќ се врати на клупата на Црвена звезда во декември 2025 година. Иако имаше одличен домашен биланс и беше на прагот да ја оствари својата 150-та победа како менаџер на клубот, притисокот од јавноста и раководството по европскиот дебакл доведе до прекин на соработката.Клубот веднаш започна процес на реорганизација на стручниот штаб и е во потрага по нов шеф на стручниот штаб.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.






