Експресен кам-бек на Леванте во Примера

Леванте

Инвазија на теренот се случи по мечот Леванте - Овиедо, по кој домашната екипа на шест кола до крајот обезбеди пласман ово Примера.

Минималната победа ја донесе Серхио Постиго во 55. минута, а по конечниот судиски свиреж следеше големо славје на домашните фудбалери и фанови. Поразот на Тенерифе кај Мурсија му донесе доволно голема разлика на Леванте, со која кам-бекот во шпанската елита повеќе не е под знак прашалник.

Леванте се наоѓа убедливо на првата позиција и веројатно ќе ја освои титулата во Сегунда со оглед на разликата од 15 поени пред второпласираната Џирона.