• Иван Димовски
Екипите на Славен Белупо и Хајдук одиграа натпревар без голови (0-0) во рамките на 12. коло на ХНЛ. За домашната екипа стартери беа поранешните македонски репрезентативци Леонард Жута и Илија Несторовски кои го одиграа целиот натпревар.
Во финишот на средбата се случи доста интересна ситуација, бидејќи соиграчот Андрија Филиповиќ доби црвен картон само 74 секунди откако влезе во игра. Откако доби шанса веднаш во следната акција многу невнимателно со отворен ѓон го удри противничкиот фудбалер Бамба, а судијата без размислување му го покажа патот кон соблекувалната.
По овој натпревар Хајдук го презеде врвот во ХНЛ и има бод повеќе од Динамо Загреб, додека Славен Белупо е третопласиран со 17 бода.





