Експлозија од коронавирус по ЕП, над 40.000 нови случаи секој ден во Велика Британија

Вембли

Европското првенство заврши, но сега Велика Британија доби проблем кој се очекуваше, со оглед на пандемијата која владее во светски рамки.

Поради намалувањето на рестрикциите, случаите на ковид-19 драстично се зголемија по финалниот меч на „Вембли“. Во изминатите неколку дена се пријавуваат над 40.000 нови случаи на секои 24 часа. Завршницата од Европското првенство се одвиваше со полн капацитет на стадионот во Лондон.

Тоа е најголемата причина за овие проблеми со кои се соочуваат британските здравствени органи.

Италија излезе како победник на шампионатот, кој требаше да се одржи минатото лето, но поради пандемијата беше одложено за оваа година.