ВИДЕО: Експлозија на Мектоминеј, Челзи остана редовен „муштерија“ на Јунајтед во Манчестер!

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Челзи одиграа натпревар кој никој не посакуваше да заврши. Англиските гиганти понудија атомски фудбал во Манчестер, кој на крај заврши со голема победа на „ѓаволите“ од 2-1. Така, Челзи остана редовен „муштерија“ на Јунајтед, затоа што последен пат на гости во Манчестер славеше во 2013 година. 

  • Извештај од натпреварот:

Дербито на „Олд Трафорд“ започна со пеколен ритам. Пред двата гола шанси се редеа како на филмска лента, а Јунајтед во првите 18 минути упати дури десет удари кон голот на противникот. Најголемата можност ја пропушти капитенот Бруно Фернандеш, кој во деветтата минута не реализира пенал, откако голманот Санчез го прочита неговиот удар.

Но, отворената игра на „ѓаволите“ конечно вроди со плод во 19. минута, кога Скот Мектоминеј одлично се снајде во казнениот простор на „сините“, со прецизен удар го совлада Санчез и донесе водство за Јунајтед од 1-0.

Домаќинот и по погодокот продолжи со нападите, а токму шкотскиот ас во 32. минута имаше две неверојатни шанси за ново славје. Првата ја пропушти по удар со глава, а откако Санчез успешно интервенираше, топката повторно дојде до Мектоминеј, кој овој пат биеше со нога, но пак не погоди.

Промашувањата Челзи успеа да ги казни во 45. минута, кога летното засилување Палмер мајсторски ја надмудри противничката одбрана и со удар по земја го совлада Онана за 1-1, резултат со кој се замина на одмор.

Во второто полувреме Манчестер одново беше тимот кој доминираше на терен и создаваше нови шанси за погодок, а најголемата ја пропушти Гарначо во 55. минута. Сепак, наградата за фантастичната игра на „ѓаволите“ пристигна во 69. минута, а одново во главната улога беше Скот Мектоминеј, кој овој пат со глава го надмудри Санчез и на својот тим му донесе огромни три бода. 

Покрај постот без победа од десет години на „Олд Трафорд“, Челзи сега дури дванаесет натпревари во низа не може да го најде лекот и да слави над големиот ривал.

Состави

Ерик тен Хаг

4-2-3-1

    Маурицио Почетино

    4-2-3-1