Експлозија на бес на „Олд Трафорд“: „Продадете го клубот, од*ебете дома!“

Манчестер Јунајтед доживува нова кошмарна вечер, а незадоволството на навивачите на „Олд Трафорд“ достигна ново ниво. Рома по првото полувреме има предност од 2-0, додека домашните фанови со жестоки протести го изразија револтот кон клупското раководство.

Римјаните поведоа во 11. минута преку Матијас Суле, по грешка на Коби Мејну, а шест минути подоцна Дониел Мален од пенал ја зголеми предноста. Претходно, Ајден Хевен играше со рака во сопствениот шеснаесетник.

Незадоволните навивачи почнаа да фрлаат тениски топчиња на теренот, а упатија и жестоки пораки до раководството на клубот, скандирајќи: „Продадете го клубот, од*ебете дома!“

Така, покрај негативниот резултат, Манчестер Јунајтед се соочува и со нов бран незадоволство од сопствените навивачи.

Состави

Мајкл Керик

4-2-3-1

    Џанпјеро Гасперини

    3-4-3