• Мартин Танасковски
Воениот конфликт кој Русија го стартува во Украина предизвика голем проблем. Границите се затворени, а странските државјани молат за помош од амбасадите за да ја напуштат земјата низ која тукушто стартува хаос и воена агресија од страна на соседот.
Меѓу оние кои бараат помош е и екс-вардарецот Жуниор. Десниот бек е играч на Зорија и е главен инцијатор во потрагата на помош, затоа што објави видео на социјалните мрежи во кое апелира на Бразил да им помогнат на сите.
Покрај Жуниор, на видеото се пренесува апел и од другите Бразилци кои играат низ клубовите во Украина. Најмногу ги има од Шахтјор Доњецк, а заедно со нив се и сопругите и децата.
Македонија има еден фудбалер во Украина во моментов, тоа е Ѓоко Зајков кој игра за Ворскла Полтава.