• Саше Љолес

Поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ, го презема босанскиот шампион, Борац Бања Лука, објави клубот на социјалните мрежи.
Тој доаѓа на местото на Винко Мариновиќ и веќе е претставен во новата средина. Екс-кормиларот на чаирчани беше предводник на Радник Бјелина, Зрињски Мостар, Слобода Тузла, Ал-Кхолод и Шкупи, а ова е прва етапа на клупата на актуелниот шампион.
Од клубот му посакаа добредојде на новиот тренер и се надеваат на успешни резултати и во следната сезона.