• Саше Љолес

Доскорешниот тренер на Келн, Стефан Баумгарт, официјално ќе биде нов предводник на второлигашот Хамбургер, објавува престижниот „Билд“.
52-годишниот стратег потпиша договор со важност до 2025 година и ќе се обиде да го врати во елитата третопласираниот тим во „Цвајте“. Хамбургер веќе шест години се бори за влез во Бундеслигата, а навивачите веруваат дека тоа може да се случи токму оваа сезона, па затоа се задоволни и од доведувањето на искусниот тренер.
Стефан Баумгарт ја започна тренерската кариера во Магдебург, а потоа ги предводеше уште Берлинер и Падерборн. Во Келн пристигна во 2021 година и беше тренер на „јарците“ скоро две сезони. Хамбургер во моментов заостанува четири бода зад второпласираниот Холстен Кил.