• Саше Љолес
Италијанскиот стратег Паоло Ваноли е официјално назначен за тренер на Фиорентина, соопшти управата на славниот калчолигаш.
Ваноли беше тренер на италијанската репрезентација до 16, 18 и 19 години, а во два наврати и помошник тренер на сениорскиот тим на „аѕурите“. Во сезоната 2021/22, тој кратко седеше на клупата на Спартак Москва, но беше отпуштен по само 16 натпревари, а потоа помина две години во Венеција, која тогаш играше во Серија Б. Негов последен ангажман беше во Торино, каде што соработуваше со македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас.
Прва задача за новиот тренер е да се обиде да најде излез од резултатската криза. Фиорентина го бележи најлошиот почеток на било која сезона во овој век, со оглед на тоа што по 10 кола од Серија А, „виолетовите“ сè уште не забележале победа и се заглавени на дното на табелата.











