• Иван Димовски
Дербито во шпанското првенство меѓу Барселона и Атлетико Мадрид го одбележа Жоао Феликс. Португалскиот фудбалер кој настапува како позајмен играч во каталонскиот тим беше стрелец на единствениот гол (1-0).
Поранешните соиграчи не беа воопшто благи кон Жоао Феликс, особено откако го прослави погодокот против клубот чиј член сè уште е. Најдиректен судир Португалецот имаше со дефанзивецот Хозе Марија Хименез. Уругваецот го турна Жоао Феликс, а тој почна да вика „Ме удри“. На тоа Хименез му одговори: „Што е, сакаш да се тепаш?“.
- Судирот на Хименез и Жоао Феликс:
Ситуацијата ја смирија соиграчите, капитенот на Атлетико, Коке поразговара со својот соиграч и му посочи дека има жолт картон, па тој се смири.