Екс репрезентативец на Македонија стана соиграч на Несторовски во Славен Белупо

Илија Несторовски, доби македонско друштво во Славен Белупо. Леонард Жута е новиот играч на хрватскиот тим. Откако минатата сезона играше за Шибеник, 33-годишниот лев бек дојде во Копривница како слободен агент и потпиша договор со клубот до крајот на тековната сезона.

Името на Жута е добро познато на навивачите во Хрватска. Поранешниот репрезентативец на Македонија, остави голем белег во Риека, за која играше од 2015 до 2019 година, освојувајќи го првенството и два Купа, а во изминатата година одигра и 28 натпревари за Шибеник. Вкупно, тој одигра 167 натпревари во елитниот ранг на хрватскиот фудбал, постигнувајќи три гола и броејќи девет асистенции.

Севкупно, Жута одигра речиси 400 официјални натпревари во текот на својата кариера, или повеќе од 30.000 минути на теренот. Своите први сениорски чекори ги направи во Хекен, за кого одигра 88 натпревари, а одигра и 62 натпревари во норвешката Валеренга. Во својата богата кариера играше и за италијански Лече, турски Коњаспор и шведска Бромапојкарна.

За Македонија дебитираше во 2015 година и запиша петнаесет натпревари. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.