• Мартин Танасковски

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Виктор Крстевски, е во потрага по нов клуб откако и официјално ја заврши авантурата во Слога Виница од каде си заминаа повеќе првотимци.
23-годишниот стопер беше дел од турскиот проект на Гостивар, а потоа беше испратен во Слога Виница, тим кој беше филијала на прволигашот. Но, по заминувањето на турските инвеститори, иако Крстевски остана дел од клубот од Виница, сега е слободен агент.
Виктор Крстевски има настап за сите младински селекции на Македонија, а последен му беше У21-тимот за кого настапи на 12 меча. Покрај за Слога Виница и Гостивар играше и за Брегалница, Пелистер и Вардар.

