Екс-клубот на Чурлинов во хаос, должи огромна сума и го чека колапс!?

Во поранешниот клуб на македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов владее вистинска вонредна состојба. Барнли, двократен шампион на Англија и освојувач на ФА Купот, се наоѓа во длабока резултатска и финансиска криза. По осум одиграни кола во Чемпионшип, второто по ранг англиско натпреварување, „кларетси“ се заковани на последното место на табелата и сè уште ја чекаат својата прва победа сезонава.

Само една година по испаѓањето од Премиер лигата, Барнли повторно се соочува со опасност од нов пад. Сепак, проблемите на клубот одамна не се само спортски, бидејќи над „Тарф Мур“ виси огромен финансиски товар. Откако американскиот инвеститор Алан Пејс го презеде клубот кон крајот на 2020 година, долговите постојано растат. Купувањето на Барнли во голем дел било финансирано преку кредити, па товарот од задолжувањето не го носи сопственикот, туку самиот клуб.

Таквата ситуација е особено опасна во Чемпионшип, каде што приходите од телевизиските права се значително помали во споредба со Премиер лигата. Секој неуспешен обид за враќање во елитата дополнително го продлабочува финансискиот јаз, поради што Барнли е сè позависен од продажба на играчи за да ја одржи стабилноста.

Според британскиот „Гардијан“, моменталниот долг на клубот изнесува околу 142 милиони фунти, односно повеќе од 165 милиони евра. Барнли беше богата историја зад себе. Клубот бил шампион на Англија во 1921 и 1960 година, додека единствениот трофеј во ФА Купот го освоил уште во 1914 година.