Екс-капитенката Салихи со моќна порака: Тоа не е патриотизам...

Македонската јавност беше преплавена со информации за синоќешното палење на државното знаме среде Скопје за време на прославата на денот на албанското знаме. Тој чин беше осуден од многумина, а меѓу нив и долгогодишната репрезентативка на Македонија, Афродита Салихи која има токму албанско потекло. 

Салихи го осуди вандалскиот чин, нагласи дека не е ниту малку патриотски да се запали знаме на друга држава, а нагласи дека е треба да се почитува државата и нацијата во која живееме. 

„Знамето на една земја е можен симбол на идентитетот, што ја одразува историјата, културата и вредностите на една нација. Љубовта кон знамето е безгранична и безусловна. 

Не е патриотски чин знамето на друга држава, да се влече и да се запали. Ваквите постапки секогаш поттикнувале меѓуетничка омраза во мултиетничка земја. Македонија е земја во која живеат Албанци, Македонци, Турци, Роми, Босанци, Власти... Не е лесно да се прифати фактот дека сите живееме заедно, дека секој од нас може гордо да изјави дека припаѓа на една или друга националност. Живееме и дејствуваме во земја во која сме посеале злоба и омраза еден кон друг, а немаме емпатија и почит. 

Многу ќе беше полесно ако имавме почит. Сите сме виновни, дури и потонати во вина, особено кога ќе помислам на фактот дека вакви човекови вредности им оставаме на потомците!

Да ја почитуваме државата, нашата нација, народот, да ги почитуваме заноните, нормите и моралните вредности. За мене тоа е патриотизам. За крај, казните да бидат праведни и да не се базирани на етничка припадност“, напиша Салихи. 

Инаку, Афродита Салихи е единствената македонска репрезентативка со повеќе од сто настапи во националниот дрес. Таа дури и гордо го има резвеано знамето на Македонија, земјата во која живее.