Екс фудбалер на ПСЖ за Ал Kелаифи: Можеби мојата сопруга му се допаѓаше повеќе!

Поранешниот играч на ПСЖ, Хесе Родригез, во подкаст се потсети на периодот кога играше за француски гигант. Хесе моментално игра фудбал во Малезија, а во парискиот клуб пристигна во 2016 година од Реал Мадрид. За „светците“ одигра само дванаесет натпревари.

„Ми платија нешто помалку од пет милиони евра бруто. Првиот пат кога видов милион на сметката си помислив: „Леле, ова е за давање голови?“. Дебитирав со асистенција за победнички гол, но потоа бев надвор од теренот два месеци, а зимата ми рекоа дека морам да си одам. Му кажав на тренерот Унаи Емери дека се чувствувам измамен.

Претседателот Насер Ал Kелаифи не сакаше да ме види. Не знам дали повеќе му се допаѓаше мојата сопруга од мене. Не ми дадоа никакво објаснување. Се чувствував како да имам работа со момче кое е милијардер и нема вистински однос со фудбалерите“, рече Хесе.

Напаѓачот под договор со ПСЖ беше четири години, од 2016 до 2020 година, но во тој период играше на позајмици во Лас Палмас, Стоук, Бетис и Спортинг