Екс-англиски репрезентативец уапсен на аеродром поради сомнение за силување

Поранешен фудбалер на англиската репрезентација и играч кој настапувал во Премиер лигата е уапсен на лондонскиот аеродром „Станстед“ под сомнение за обид за силување. Инцидентот се случил во моментот кога тој се подготвувал да замине од земјата, при што граничната полиција го задржала поради информација дека е бараn од истражните органи.

Според првичните информации, уапсениот бил приведен и задржан на распит, по што му било дозволено да се брани од слобода под одредени услови. Истрагата продолжува, а надлежните органи не соопштуваат дополнителни детали за случајот.

Името на поранешниот репрезентативец не се открива поради законските ограничувања и чувствителноста на тековната истрага. Официјалните институции најавуваат дека ќе објават повеќе информации доколку бидат утврдени дополнителни околности.