• Зоран Мишевски

Дебитантот Шкендија Арачиново продолжува со засилувањата за новата сезона, откако го промовира албанскиот лев бек Есин Хакај.
Искусниот дефанзивец пристигнува со богато интернационално искуство, откако во кариерата настапуваше за турски Самсунспор, како и за познатите албански клубови Влазнија и Партизани.
Со неговото доаѓање, дебитантот во Првата лига продолжува да го комплетира ростерот со цел успешно да ги оствари амбициите во новата сезона на мак-фудбалот.
Шкендија Арачиново новата сезона во ПМФЛ ја отвори со пораз од Струга Трим Лум.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.







