Екипите изгласаа: ВАР пристигнува и во Серија Б

За очекување е ВАР-технологијата да биде претставена и на натпреварите од италијанската Серија Б. Клубовите гласаа анонимно, а 19 од вкупни 20 екипи ја одобрија технологијата на нивните мечеви. Планирано е ВАР-системот да почне со официјална употреба од следната сезона. 

Ова не е првпат клубови од Серија Б да бидат подложени на видео анализа, бидејќи во минатогодишниот плеј-оф за првата лига беше веќе користена ВАР-технологијата. На почетокот ќе се користи на одреден број натпревари само како тест период, пред да биде имплементиран во целост на сите натпревари. 

Инаку, во најсилната италијанска лига технологијата се користи успешно веќе две сезони. На почетокот на сезоната 2017/18, идентично како сега со тајно гласање, се изјаснија клубовите од Серија А