• Мартин Танасковски
Марјан Радески си замина од Шкендија и моментално е слободен агент, а македонскиот репрезентативец бара нова средина и како најизгледна дестинација во моментов е Чешка.
Најзагреана екипа за услугите на фудбалерот кој е вистински универзалец и може да игра на повеќе позиции е чешки Словачко. Тимот кој и во минатото се интересираше за Радески сега повторно се активира на пазарот и ќе се обиде да го донесе во своите редови.
Дел од екипата на Словачко е некогашниот македонски репрезентативец Величе Шумуликоски кој се води како менаџер на А-тимот. Чешкиот тим регуларниот дел од сезоната го заврши на деветтото место и игра во плеј-офот за Лига Европа.
25-годишниот Радески досега нема настапувано во странство, а беше дел од клубовите 11 Октомври, Металург и Шкендија.