Ејупи заедно со пријател претепале 53-годишник поради паркинг место!

Ејупи

Македонскиот интернационалец Музафер Ејупи заедно со негов пријател биле вмешани во тепачка во центарот на Осијек, јавуваат хрватските медиуми. 

Членот на Славен Белупо заедно со својот познаник биле во расправија со 53-годишник поради паркинг место. Целата ситуација, наводно завршила со тепачка во која потешките повреди ги добил повозрасниот човек.

Се очекува во наредниот период да се направи истрага која ќе открие повеќе детали за инцидентот.

31-годишникот оваа сабота требаше да игра против Осијек, но сега неговиот настап е под знак прашалник.