ВИДЕО: Ејупи поразен од своите, победнички старт на ХНЛ за Адеми и Динамо

Новата сезона во Хрватскиот фудбалски шампионат беше отворена со две очекувани победи на Осијек и Динамо во „Љутски Врт“ и на „Максимит“. Македонските интернационалци Ејупи и Адеми одиграа 90 минути за своите екипи.

Ејупи беше заменет во 90. минута во поразот на Славен Белупо во Осијек (поранешниот клуб на Ејупи). Toдороски не доби шанса и остана на клупата во домашниот табор. Капитенот на „модрите“, Аријан Адеми беше еден од најдобрите во победата на шампионот на ХНЛ против помладиот градски ривал.

  • Осијек - Славен Белупо 2-0:

  • Динамо Загреб - Локомотива Загреб 3-0:

По дебаклот во Лига Европа, новиот Хајдук дебитира в недела навечер на „Пољуд“ против Истра 1861. На клупата на „белите“ нема повеќе да седи Орешчанин, кој денес заработи отказ по елиминацијата од Гзира Јунајтед.