• Иван Димовски

Фудбалската репрезентација на Египет се бореше максимално, ама на крајот остана со празни раце во дуелот со Аргентина (3-2) во осминафиналето на Светското првенство. Иако африканската селекција водеше со 0-2, на крајот претрпе поразо со голем пресврт во финишот.
Во судиското продолжение во една акција Еѓипќаните очекуваа дека ќе добијат пенал во две ситуации. Во центарот на вниманието беа Алексис Мекалистер кој повлече ривал без топка, а потоа Лисандро Мартинез го згазна Мохамед Салах.
Во продолжението на акцијата Аргентинците го дадоа голот за пресврт. ВАР собата не се огласи, меѓутоа мора да се нагласи дека се работеше за сосема минимални контакти.
По оваа ситуација тензиите зовреа и имаше бурни реакции од египетската клупа, па Франсоа Летексие делеше картони.





