• Иван Димовски
Репрезентациите на Белгија и Египет ремизираа во дербито на денот на Светското првенство со 1-1 (0-1). Пресметката која се одигра на „Лумен Филд“ во Сиетл понуди огромна борба, африканската селекција поведе во првиот дел, а потоа не успеа да издржи пред налетот на противникот.
- Извештај од натпреварот:
Средбата тргна со мирн темпо, а резултатот беше отворен со првата вистинска шанса за Египет. Течеше 19. минута кога Емам Ашур доби топка во средината од Мохамед Салах, имаше доста простор и се намести, па испрати прецизен удар во долниот агол од голот на Тибо Куртоа за 0-1. До полувремето Еѓипќаните можеа и да ја удвојат предноста, меѓутоа Мостафа Зико изнуди интервенција од голманот Куртоа.
Во вториот дел Белгија беше подобар противник, а најголемата закана ја имаше Кевин Де Брујне кој од слободен удар ја погоди стативата. „Црвените ѓаволи“ доста се отворија и тоа остави простор за контра напади, па во такви ситуации Египет беше опасен. Добри шанси имаа Салах и Омар Мармуш, меѓутоа без реализација. Казната стигна во 66. минута преку автоголот на Мохамед Хани. По опасна топка во петерецот во обид да му попречи на тукушто влезениот Лукаку си ја стресе сопствената мрежа за 1-1.
До крајот најзрелата шанса ја имаше токму Лукаку кој со глава биеше над противничкиот гол.





