• Горан Упале
Фудбалската репрезентација на ДР Конго се пласира во четвртфиналето на Африканскиот Куп на нации, откако го совлада Египет по подобро изведувањето на пеналите.
Во регуларниот дел од натпреварот беше 1-1 со головите на Елија и Мостафа Мохамед, кој во 47. минута од пенал го постигна израмнувачкиот гол за „фараоните“. Во преостанатиот дел од мечот немаше голови, па одлуката за патникот во четвртфиналето „падна“ во пенал рулетот. Попрецизни беа фудбалерите на ДР Конго, кои победија со резултат 8-7.
- Египет - ДР Конго 1-1 (7-8 по изведување на пенали):
ДР Конго на тој начин се избори за четвртфинален дуел со селекцијата на Гвинеја која со 1-0 ја совлада Екваторијална Гвинеја.
- Екваторијална Гвинеја - Гвинеја 0-1:
Како што е познато, Египет беше ослабен со неиграњето на Мохамед Салах, кој по повредата на натпреварот со Гана се врати во Ливерпул за да ја залечи болната точка, од каде порача дека ќе се врати да ѝ помогне на репрезентацијата - доколку тимот оди понатаму. Но, „фараоните“ беа елиминирани, а Салах остана без уште една можност да го подигне трофејот што му недостасува.









