ВИДЕО: Египет по пенал-рулетот ја совлада Буркина Фасо и обезбеди финале на КАН

Во првиот полуфинален натпревар на Африканскиот Куп на Нации, кој се игра во Габон, фудбалерите на Буркина Фасо и Египет одиграа цврст натпревар, во кој победникот беше решен дури по изведувањето на пеналите. Во регуларниот дел натпреварот заврши 1-1 (0-0), а поуспешен по ударите од белата точка беше Египет, кој славеше со 4-3 и обезбеди пласман во големото финале.

Од почетокот на натпреварот фудбалерите на Буркина Фасо беа тимот, кој создаваше шанси, но Египет со својата гранитна одбрана не дозволуваа да биде загрозен нивниот голман, па на пауза се замина со почетните 0-0

По одморот фудбалерите на Египет први поведоа со 0-1, откако Мохамед Салах со удар од работ на шеснаесетникот го совлада голманот на Буркина Фасо. Сепак избраниците на селекторот Дуарте се вратија во игра по само 7 минути (прв гол кој го прима Египет на КАН), а стрелец на голот за 1-1 беше Банс. До крајот на регуларниот дел се играше претпазливо, па мечот влезе во дополнителни 30 минути.

Во продолженијата повторно Буркина Фасо беше подобар противник, за разлика од Египет кој го чуваше својот гол и полека го приведуваше натпреварот кон пенал рулетот. Во него Ел-Саид за Египет промаши во првата серија, за Буркина Фасо во четвртата промаши Коукаку, а во петата не погоди и Траоре, што значеше голема радост за фудбалерите на Египет и пласман во финалето.

Во вториот полуфинален натпревар, кој се игра утре се среќаваат екипите на Камерун и Гана.