• Иван Димовски
Фудбалската репрезентација на Египет е четвртфиналист на Африканскиот куп на нации, откако славеше над храбриот Бенин со 3-1 по продолженија, а во регуларниот дел резултатот беше 1-1.
- Извештај од натпреварот:
Долго време мрежите во Агадир мируваа. Тоа главно се должеше на неодлучноста и неконкретноста на селекцијата фаворит. Египет се „разбуди“ дури во второто полувреме.
Големиот фаворит поведе во 70. минута преку Марван Атиа. Сепак, кога сите мислеа дека тука работата е решена, Бенин израмни во 83 минута по грешката на Ел Шенави и со голот на Досу. Средбата продолжи со продолженија, па Египет повторно стигна до предност со погодокот на Јасер Ибрахим, а победата ја потврди Мохамед Салах во самиот финиш.
Египет за првпат од 2021 година обезбеди место меѓу најдобрите осум, а во четвртфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Брегот на Слоновата Коска и Буркина Фасо.



