Ефремов ќе го чува голот на Локомотив Софија

Македонскиот интернационалец Андреја Ефремов својата кариера ќе ја продолжи во Бугарија каде ќе го носи дресот на Локомотив Софија.

Чуварот на мрежата доаѓа од португалски Фамаликао, а со Локомотив ќе потпише договор до крајот на 2018 година. Се очекува голманот да биде засилување за тимот од бугарскиот шампионат.

Бугарскиот тим ќе биде петта станица за Ефремов во кариерата, по Фамаликао, Металург, Ренова и Работнички.