ЕФЛ им излезе во пресрет на клубовите и одобри пет замени на натпревар

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) уште од овој викенд ќе им овозможи на клубовите да користат пет измени во натпреварите од Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2.

По консултации со претставници на 72-та клуба, одборот на ЕФЛ одобри зголемување на бројот на замени во своите натпреварувања од три на пет. Новото правило ќе стапи на сила од петок напладне, па менаџерите ќе имаат доволно време да ги направат потребните промени во своите планови за следното коло. 

Како резултат на ова правило, сега клубовите од Чемпионшип ќе можат да имаат девет играчи на клупата, додека за клубовите од Лига 1 и Лига 2, останува правилото на седум регистрирани резервни играчи.

Иако за ова правило веќе подолго време се дискутира и во Премиер лигата, сепак, нивниот став сè уште е дека доколку има пет замени одредени клубови ќе имаат голема предност.