• Мартин Танасковски

Лидерот во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), екипата на Силекс, започна со пријателските натпревари на подготовките во Турција, Анталија.
Во првиот дуел кратовчани одиграа ефикасно реми против Нефчи од Узбекистан. Натпреварот заврши со резултат 2-2, а тренерот Александар Васоски имаше шанса да ги испроба сите фудбалери кои беа на располагање.
Следниот контролен натпревар на Силекс на турско тло е против Пахтахор од Узбекистан на 28 јануари.