Ефикасно реми на Работнички и Ренова на тест-дуелот во Охрид

Македонските прволигаши Работнички и Ренова одиграа ефикасен натпревар во рамки од подготовките за вториот дел од сезоната во ПМФЛ, кој заврши без победник, со по три гола во двете мрежи. 

На тест-дуелот во Охрид двете екипи пружија одлична фудбалска претстава, особено во првиот дел, во кој беа постигнати дури четири гола. Резултатот го отвори Ренова со погодокот на Селмани, а потоа Работнички со два брзи гола на Силјановски и Јевтоски направи пресврт и поведе со 1-2. Сепак, Селмани со својот втор денешен погодок донесе егал резултат на полувреме. 

Во вториот дел темпото на игра спласна, двата стратези направија бројни промени во своите состави, но головите не изостануваа и во тој период. Станковски реализираше во 46. минута и пак го донесе својот тим во поповолна ситуацијата, но во самиот финиш, 90. минута, Јашароски не дозволи пораз за Ренова и погоди за 3-3. 

За „романтичарите“ ова беше второ реми во рамки од зимските подготовки (1-1 против Борец и победа над Тетекс од 2-0), додека Ренова на првиот контролен натпревар извојува победа на Дрита од 4-0.