• Мартин Танасковски

Екипите на Холштајн Кил и Бохум одиграа ефикасно реми во Бундеслигата со четири гола (2-2), ама на овој резулат не се радуваат ниту едните, ниту другите.
Се работи за последната и претпоследната екипа во германската елита. И двете страни посакуваа победа за да направат чекор напред во борбата за опстанок, меѓутоа мечот во Кил заврши без победник.
И Холштајн Кил и Бохум може да бидат разочарани. Вторите затоа што имаа водство, ама го испуштија, првите затоа што ВАР поништи гол за можна победа. Во првиот дел домашните дојдоа до предност преку Скрибски од пенал, ама Боаду со два гола пред паузата направи пресврт (1-2).
Проблем за Бохум беше што Боаду се повреди, па на стартот на второто полувреме, Холштајн преку Словенецот Зец израмни на 2-2. Домашните пристискаа, дадоа и трет гол во 73. минута за пресврт преку Холтби, ама беше поништен со ВАР заради фаул.
- Извештај од натпреварот:
Холштајн Кил е претпоследен во Бундеслигата со 13 бода, додека Бохум е последен со 11 бода.