Ефикасно бундес-дерби: Огномет од голови и реми во „Дер Класикер“ (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд ги поделија бодовите во ремито со конечни 2-2, кое се играше во рамите на 29. коло од германската Бундеслига.

  • Извештај од натпреварот:

Сите четири гола беа видени во второто полувреме, а најпрво гостите го отворија резултатот во 48. минута преку Макс Бајер. Домаќините направија брз пресврт во период од само четири минути со головите на Гереро и Гнабри, а конечните 2-2 беа дело на Валдемар Антон во 75. минута од натпреварот. 

Се обиде Баерн да притисне со сите сили по израмнувачкиот гол на Дортмунд, имаше шанси преку Кимих и Кејн, но мрежите останаа во мирување и мечот заврши со нерешен резултат. 

Ништо не се менува на врвот од табелата, Баерн Минхен останува на шест бода предност во однос на Баер Леверкузен, додека Дортмунд и натаму ќе се бори за пласман во еврокуповите.