ВИДЕО: „Ефектот Нуно“ проработе во Вест Хем, Евертон победи и со три поништени гола

Екипата на Вест Хем го оствари вториот триумф во низа и го совлада тимот на Барнли со конечни 3-2 (1-1) во натпреварот од единаесеттото коло на англиската Премиер лига. 

  • Вест Хем - Барнли 3-2: 

Лошо го започнаа мечот „чеканите“ на Нуно Еспирито Санто, примија гол во 35. минута, но потоа се вратија во игра со погодокот на искусниот Калум Вилсон. На паузата резултатот гласеше 1-1. 

Во второто полувреме домаќинот заигра многу подобро и прикажа далеку поквалитетна игра, која резултираше со уште два гола во гостинската мрежа. Најпрво водство донесе Томаш Соучек, а на 3-1 зголеми Кајл Вокер-Питерс во 87. минута. Конечните 3-2 ги постави Џош Кулен во последните секунди од натпреварот. 

За Вест Хем ова е само трета победа во новата сезона и сега има 10 бодови, додека Барнли има исто салдо, но е прв во опасната зона. 

Евертон се избори за важна победа против Фулам и славеше со конечни 2-0 (1-0). Идриса Геје и Мајкл Кин беа хероите на „карамелите“, кои се искачија до 11. позиција на табелата.

  • Евертон - Фулам 2-0:

Фулам има 11 бода, кои го сместуваат четири места подолу од денешниот ривал. Интересно е што Евертон победи на овој дуел и покрај тоа што имаше три поништени гола, два во првиот и еден во вториот дел.