• Иван Димовски

Фудбалерите на Бетис славеа на домашниот меч против Реал Сосиедад (3-0) во рамките на 24. коло на шпанската Примера.
Немаше сили гостинот на „Бенито Виљамарин“ кој мечот го заврши со девет фудбалери поради двата црвени картони за изненадување. Рано, по 20 минути игра Зубелдиа беше исклучен и Бетис имаше бројчана предност. Домашните во првиот дел не реализираа пенал преку Ло Селсо, а потоа отпорот на гостите го скршија во вториот дел.
Новото засилување Антони пак блесна, во 51. минута го отвори резултатот и донесе предност (1-0). Веќе во 64. минута на 2-0 зголеми Марк Рока, за пет подоцна истиот фудбалер да донесе три гола предност, овојпат по асистенција на Антони.
Веќе во 75. минута Сосиедад остана и со девет играчи, бидејќи Бекер доби директен црвен картон поради остар старт, па мечот беше решен.