ВИДЕО: Ефектен гол во Салцбург – Улмер со „ракета“ ја скина мрежата на Ајнтрахт

Фудбалерите на Салцбург со одличен погодок го започнаа дуелот против Ајнтрахт Франкфурт, во кој треба да анулираат три гола негатива од Германија, во рамките на првата нокаут рунда од Лигата на Европа.

Австријците имаа апсолутна доминација во првите 30 минути од средбата, а уште од десеттата минута водат со 1-0, по одличниот погодок на Андреас Улмер. 

  • Видео од голот за 1-0:

Салцбург освен погодокот имаше уште неколку одлични шанси, но голманот Кевин Трап се истакна и го сочува својот гол. Потоа, следеше изедначувачки погодок на Ајнтрахт Франкфурт.