• Мартин Танасковски

Екипата на Воска Спорт дојде до предност во дерби-пресметката со Пелистер (1-0) со ефектен гол од слободен удар.
Капитенот на екипата, Изаир Емини, уште еднаш покажа дека е лидер на тимот оваа сезона кога се говори за играта, но и за прекините. Искусниот фудбалер погоди од слободен удар од дваесетина метри.
- Голот на Емини против Пелистер:
Овој натпревар е важен и за двете екипи, затоа што се води битка за една од позициите која води во ПМФЛ или преку директна промоција, или носи бараж.